До пред неколку дена, многумина веруваа дека Нов Зеланд, со стратегија наречена „нула број на случаи“ или „нула ковид“, успеа да ја победи короната. Сепак, оваа бајка почна нагло да пропаѓа со зголемувањето на бројот на заразени со коронавирус.

Иако земјата воведе строги мерки со цел да се спречи инфекцијата, се покажа дека се уште е немоќна кога станува збор за делта варијантата на вирусот.

Нов Зеланд во средата регистрираше уште 68 нови случаи, што е најголем број на заболени дневно од почетокот на делта бранот. Овој скок на бројките доаѓа во време кога премиерката на таа земја, Џасинда Ардерн, одлучи да го продолжи заклучувањето како одговор на зголемениот број случаи, што, меѓу другото, ја негира нејзината сигурност во стратегијата за „нула број случаи“.

Нејзината одлука да го продолжи карантинот беше означена како „апсурдна“ и „неразбирлива“, бидејќи таа имаше други опции, кои можеa да вклучуваат забрзување на процесот на имунизација, кој досега беше прилично бавен во оваа островска држава.

Најновите бројки се највисоки од април минатата година кога беше поставен рекорд од 89 случаи дневно.

Сепак, тие не ја победија короната

Нов Зеланд без вирусот беше од февруари, но првите инфекции со делта сојот на вирусот се случија во Окленд, најголемиот град во земјата, минатата недела и брзо се проширија во главниот град Велингтон.

Премиерката Џасинда Ардерн доби пофалби од целиот свет за сузбивање на короната, но нејзиното потпирање на строгите гранични контроли и итните блокади беа  доведени во прашање со последниот бран. Во исто време, само 20 проценти од населението е вакцинирано.

Овој дебакл предизвика критики во јавноста од австралиската опозиција.

„Во време кога жителите на Нов Зеланд имаа најстроги мерки за затворање во светот и ја загубија слободата поради неуспехот на владата да ги вакцинира и да ја обезбеди границата, Ардерн повторно воведува ирационални мерки“, рече лидерката на опозицијата, Јудник Колис.

Ништо подобра не е ниту Австралија

Австралискиот премиер Скот Морисон, кој се залагаше за слични остри мерки за затворање како одговор на релативно мал број случаи, рече дека е апсурдно што Нов Зеланд смета дека е можно да се ослободи од ковид-19 засекогаш.

„Мислам, Нов Зеланд не може да го стори тоа. Тие следеа стратегија на елиминација. Тие се затворени. Она што треба да го направат е да имаат 80 проценти  вакцинирани, и кога ќе го постигнат тоа, да ги укинат мерките“, рече тој.

Сепак, Австралија исто така бележи пораст на заразени од околу 1.000 дневни инфекции, што е најголем број од почетокот на пандемијата. Нов Јужен Велс, и покрај двомесечното затворање, има 919 нови случаи, а Сиднеј има 838 инфекции.

Вкупно 113 лица во државата се на интензивна нега, од кои 98 не се вакцинирани.

Австралија, која се бори да го контролира третиот бран на коронавирус, го затвори повеќе од половина од своето население од 25 милиони, вклучувајќи ги и жителите на големите градови како Сиднеј и Мелбурн, и работи на забрзување на првично бавното спроведување на вакцинацијата, пишува Нова.рс.