Како дома: Кревети во кино, наместо седишта/видео

109

Кој не би сакал да лежи во кревет додека гледа добар филм? Колку пати сте помислиле дека би било убаво да легнете во кино додека гледате филм кој неколку месеци сте го чекале да се појави на репертоарот?

Во кино во Швајцарија  се потрудиле на своите посетители да им понудат пријатно гледање на филмови “како дома“, така што „досадните“ седишта ги замениле со удобни големи кревети.

Ова интересно место за љубителите на седмата уметност се наоѓа во Спреитенбах во близина на швајцарско германската граница. Моментално во понудата имаат 11 кревети со постелнина во сива и беж боја, а има и столни лампи, софи, ќе добиете и папучи.

Доколку платите 50 евра, колку што чини VIP третман, со картата добивате и храна и пијалаци и не мора да чекате во ред. “Обичните карти” чинат околу 20 евра.

Вработените велат дека посетителите не треба да се грижат за хигиената бидејќи по секоја проекција ја менуваат постелнината.

Паровите со деца, своите мали можат да ги остават во салата во која се поставени лејзи бегови, тобогани и точиња, а картата за едно дете чини 15 евра.