Најголем дел од пратениците кои беа дел од случаите на СЈО не гласаа за Законот за Јавно обвинителство.

Од оние за кои СЈО отвори предмети, само пратениците од ДУИ и од ДПА, Ејуп Алими и Мендух Тачи гласаа „за“.

На Алими му се суди во случајот „Титаник 3“, а  Тачи е неправосилно осуден во „Титаник 2“.

За Законот за ЈО не гласаа ниту пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова, Илија Димовски и  Антонијо Милошовски. Рангелова е обвинета за случајот „Шамарите во општина Центар“, Димовски во „Титаник“, а Мишолоски во „Моќник“.

Во поништеното гласање во кое го немаше двотретинското мнозинство гласаа 74 пратеници „за“ и 32 „против“. Гласањето беше поништено оти пратеничката Лилјана Поповска во исто време побарала процедурално.