Како во научна фантастика…..Бизарно: не се син и мајка, тие се маж и жена, тој има 24, а таа 72 години и многу се сакаат

656

Признаваат дека сексот им е одличен и дека првпат биле интимни по венчавката. Тој има 24 години, а таа 72. Замислете си само колку им е добро во брачниот кревет. Таа вели дека и било преубаво после првиот секс со него.
-Верувајте, и мене ми беше преубаво. Тоа не го очекував ниту во најлудите соништа. Таа навистина е мојата жена од соништата, раскажува 24-годишниот Гери Хардвик, кој од својата законска сопруга Алмеда е помлад за 54 години.

Кога првпат ја видел Алмеда веднаш знаел дека таа е вистинската. Признаваат дека луѓето се шокираат кога ќе погледнат нивни заеднички фотографии, но дека тоа воопшто не ги загрижува. Кога го прашуваат што ќе прави кога таа ќе почине, Гери вели лутито: – Не мора да значи дека таа прва ќе почине, можеби прв ќе бидам јас. Животот е непредвидлив. Затоа не поставувајте глупи прашања, животот треба да се живее и да не ви е гајле што ќе кажат роднините, пријателите, соседите. Тие и онака секогаш ги живеат туѓите животи.

Гери раскажува дека сопругата со секој нов ден ја сака сè повеќе. – Таа е мојата сродна душа. Најважна е хемијата во една врска, а не разликата во годините. Многу други луѓе кои според годините се врсници, се несреќни, често се разведуваат. Во љубовта нема правила, нема граници, нема години, нема старост. Вистинската љубов е вистинско чудо! Како нашата, објасни вљубениот Гери, “мамин син“ како што го исмејуваат неговите врсници, поради оваа бизарна брачна заедница. (Д.М.)