Легендарниот НБА-играч, Чарлс Баркли, уште еднаш навести дека не е целосно сигурен во можностите на Леброн Џејмс и Лос Анџелес Лејкерс. Според 57-годишниот аналитичар, Лејкерс треба да се потпира целосно на Ентони Дејвис за овогодишниот плејоф, а исто така додаде дека Леброн Џејмс веќе е „стар“ и не може да биде лидер на тимот.

  • Ми се допаѓа Леброн, но се ќе се сведе на Ентони Дејвис. Никој во НБА не може да го надигра Дејвис. Мислам дека тој ќе биде оној што ќе диктира дали Лејкерс ќе ја освојат титулата или не, смета Баркли.

Потсетуваме дека пред неколку дена Баркли изјави дека Портланд може да ги изненади и да ги елиминира Лејкерс, доколку двата тима се сретнат во првото коло од плејофот.