Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ игра одлично сезонава во НБА лигата, па многумина уште од сега го споредуваат со најдобрите играчи во историјата на овој спорт. Но, има и такви на кои Словенецот не им е баш омилен, а еден од нив е најпознатиот рапер во светот, Снуп Дог. Тој испрати остри критики кон Дончиќ, кој изјави дека 20-годишниот кошаркар не може да се стави во иста реченица со Леброн Џејмс.

  • Велат дека Дончиќ е најдобриот 20-годишен кошаркар кој играл во НБА лигата. Тоа е еб*на лага. Тој е добар, но не е најдобар кој играл во оваа лига. Немојте да покажувате такво непочитување кон Мелоун, Брајант, Џејмс, Гарнет, кои 20 години беа алфа и омега во НБА, истакна Дог.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by snoopdogg (@snoopdogg) on