Не се знае што ќе се гради на местото на таа зграда. Правниот тим на компанијата „Буши“ вели сè додека не се средат документите до крај, не сакаат да се изјаснат околу тоа, иако имаше шпекулации дека ќе се гради хотел. Од Општина Центар велат дека инвеститорот нема поднесено барање за издавање на одобрение за градба.
– На седница на Советот на Општина Центар е изгласана исправка на техничка грешка, односно наместо А2 намена или домување во станбени згради (која до тогаш стоела во графичкиот дел од планот), се впиша намена Б4- деловни простории (како што стои во текстуалниот дел од планот и во имотните листови) – потенцираа од Општина Центар. Според ДУП-от, објектот треба да има приземје + мезанин + 5 ката, кој ќе биде деловен и предвидено е да ја задржи постојната состојба
Зградата на некогашен „Технометал Вардар“, која се наоѓа во строгиот центар на градот, веднаш до белата палата на ВМРО-ДПМНЕ, е соголена и зјае празна. Во зградата се извадени сите прозорци и врати, а каква ќе биде понатаму судбината на овој објект сè уште не се знае. Околината на зградата беше напуштена и полна со смет, поради што, како што велат од Општина Центар, неколку пати интервенираа до сопственикот на компанијата „Буши“, која ја купи зградата за да исчисти.
Не се знае што ќе се гради на местото на таа зграда. Правниот тим на компанијата „Буши“ вели сè додека не се средат документите до крај, не сакаат да се изјаснат околу тоа, иако имаше шпекулации дека ќе се гради хотел.
Од Општина Центар велат дека инвеститорот нема поднесено барање за издавање на одобрение за градба.
– На седница на Советот на Општина Центар е изгласана исправка на техничка грешка, односно наместо А2 намена или домување во станбени згради (која до тогаш стоела во графичкиот дел од планот), се впиша намена Б4 – деловни простории (како што стои во текстуалниот дел од планот и во имотните листови) – потенцираа од Општина Центар.
Оттаму додаваат дека ДУП за овде предвидува објект со приземје + мезанин + 5 ката, кој ќе биде деловен и предвидено е објектот да нема никаков развој, односно да ја задржи постојната состојба.
Инаку компанијата „Буши фешн“, која ја купи зградата на Технометал Вардар, поседува дуќани за злато, како и хотелот „Буши ресорт и СПА“ во Старата скопска чаршија. Зградата на „Технометал Вардар“, која е со површина од над 7 илјади квадратни метри, е изградена во 1980 година. Беше ставена на продажба откако во 2019 беше отворена стечајна постапка. Поради обврски кон Комерцијална банка, објектот беше одземен од банката, а потоа ставен на продажба, по што зградата беше купена од „Буши фешн“.
„Технометал Вардар“ беше основана пред 60 години и во времето на поранешна Југославија беше водечка фирма во трговија со мермер, челик, обоени метали и неметали, опрема, машини и друго.
(А.П.)