Казнет со 400 евра зашто јадел бурек без маска, бурекџилницата се нуди да ја плати глобата

416

Една бурекчилница во Љубљана ветила дека на доставувачот на храна, казнет бидејќи во време на епидемија јадел во јавен простор, ќе му го покрие трошоците ако се докаже дека го јадел нивниот популарен бурек со сирење.

“Го бараме славниот доставувач на храна кој минатата недела во Љубљана платил казна поради консумирање на храна на скали пред Фрањевачката црква. Планираме го прашаме од каде го купил бурекот. Ако го купил кај нас, ќе му помогнеме и ќе ја платиме казната”, објавила бурекчилницата.

Случајот со анонимниот доставувач на храна, кој е казнет со 400 евра бидејќи во време на “локдаун” во центарот на Љубљана, на паузата седнал и ја снимал маската за набрзина да го изеде утринскиот оброк, станал социјален настан, но и вистински политички театар откако фотографија од тој настан станала вирална на социјалните мрежи.

За овој случај се расправало и во парламентот.

Опозицијата споменатиот случај го земала како илустрација за тврдењата дека некои од преземените мерки против коронавирусот се апсурдни и претерани, а полицијата тврди дека казната е оправдана бидејќи прекршителот на носел маска на отворено, како што е пропишано.