Казна до 80.000 евра за плаќање во кеш телевизор поскап од 500 евра

Ова е трето по ред симнување на прагот над кој не се дозволува готовинско плаќање. Првото беше лани, кога границата драстично се спушти од претходните 15.000 на 2.000 евра, за потоа во јануари годинава уште еднаш да падне до 1.000 евра, а од денеска на само 500 евра, што е сума блиска до просечната плата во држават

598

Со 5.000 до фантастични 80.000 евра од утре се казнуваат сите правни и физички лица кои ќе наплатат во кеш за производ или услуга чија цена надминува 500 евра.

Причина за ова е посебната уредба од Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам, со која сите готовински плаќања од 1 јуни годинава, односно од денеска, се ограничуваат на максимум 500 евра.

Ова значи дека потрошувачите кои сакаат да купат производ поскап од таа сума, како на пример телевизор, апарат од бела техника, мебел или друго, треба да си ги набилдаат платежните картички или да одат во банка за да ја извршат уплатата со уплатница.

Трговците, пак, особено оние кои продаваат техничка стока за домаќинствата треба да раскрстат со долго негуваната навика муштериите да ги насочуваат кон плаќање во кеш, давајќи им за тоа огромни попусти.

Ова е трето по ред симнување на прагот над кој не се дозволува готовинско плаќање. Првото беше лани, кога границата драстично се спушти од претходните 15.000 на 2.000 евра, за потоа во јануари годинава уште еднаш да падне до 1.000 евра, а од денеска на само 500 евра, што е сума блиска до просечната плата во државата.

На овие промени реагираат трговците и стопанските комори со забелешка дека вака ќе се уништи бизнисот. Во изминатиот период најгласна беше Стопанската комора на северозападна Македонија која меѓу другото забележа на тоа што со европската директива што ја регулира оваа проблематика прагот за плаќање во готово е поставен на 10.000 евра. Но и покрај сите реакции законодавецот остана на своето и имплементацијата, сепак, почнува од денеска, со старото образложение дека ова е начин на борба со сивата економија и на заштита на трговците од ширење во оптек пари со сомнително потекло.

Според министерот за финансии Драган Тевдовски, примената на оваа мерка е една од причините за позитивниот Извештај на Европската комисија во областа на борбата со сивата економија.

– Во Законот за спречување перење пари го намаливме лимотот на кеш плаќање што е една од посилните мерки, рече тој изразувајќи задоволство од Извештајот на ЕК.

Додаде дека за прв пат државата има стратегија за борба против сивата економија и првпат се преземени мерки.

(С.В.)