Кадиров се закани: „Мојата драга мајка е на списокот на санкции – нема да ви простам“/ВИДЕО

676

Мајката на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров се најде на списокот со санкции на САД.

Во оваа прилика, во видео порака на Телеграм, лутиот Кадиров жестоко ја критикуваше таа одлука и упати закани до Америка:

“Веќе престанав да се изненадувам со нелогичните одлуки на САД и Западот за санкции. И одеднаш повторно – сега мојата драга мама е на списокот. Фактот дека таа се занимава со добротворни активности е позната на целиот свет. Затоа Американската одлука може да се смета само за намерна и цинична со непочитување на сите етички норми“, рече Кадиров.

„Отстранете ги брзо санкциите. Нема да ви простам што и наметнавте санкции на мајка ми. Ќе направам се! наведува тој во снимката.

„Ова само ни ги одврзува рацете. Ако државите сами си ги легализираа таквите криминални методи, тогаш нема да бидеме ограничени со ништо. Грузија, Украина – сето тоа се американски проекти во постсоветскиот простор, а да не зборуваме за други конфликти околу свет, започнати од фиктивни причини. А, ако американските криминалци се извлекоа некаде, тоа нема да биде случај со Русија“, се закани Кадиров.