Каде е и што работи денес, некогашната многу позната пејачка? Ерзана се враќа….

1094

Во меѓувреме Ерзана ја напушти естрадата, се омажи за Аријан Превала и со него замина да живее во Америка. Стана и мајка, го има синот Дориан. Пред две-три години беше во посета кај своите во Скопје, а не пропушти ниту да се види со најдобрата пријателка, пејачката Елена Ристеска

Скоро и да не постои таков во Македонија кој не ја памти пејачката Ерзана Превала (моминското презиме и е Бериша), се разбира поради големиот хит “Ноќна кралица“. Со таа песна Ерзана настапи многу одамна на Макфестовскиот фестивал и освои Награда за најдобра интерпретација. Ерзана настапуваше и на други македонски фестивали. Исто така и нејзиниот брат Линдон Бериша е музичар.

Албумот со Ерзана „Без зборови“ важеше за еден од најпродаваните во времето кога таа беше актуелна. Ерзана како женски изведувач направи многу за забавната музика во Македонија. Во меѓувреме Ерзана ја напушти естрадата, се омажи за Аријан Превала и со него замина да живее во Америка. Стана и мајка, го има синот Дориан. Пред две-три години беше во посета кај своите во Скопје, а не пропушти ниту да се види со најдобрата пријателка, пејачката Елена Ристеска со која направи заедничка фотографија. Ристеска ја сподели на задоволство на публиката. Иако е во Америка, никогаш не престанала да комуницира и со композиторот Дарко Димитров.

Нивната идеја е да ја обноват соработката во музиката. Но, единствен услов е Ерзана да биде физички присутна во Скопје за да може да се реализира новиот албум, како што нагласи Дарко за “Репортер“. Сега-засега, Ерзана повеќе е посветена на семејството, па за да го издаде албумот треба да се одвои од своите најмили барем на половина година. Тоа по сè изгледа најтешко и паѓа на некогашната пејачка која ништо ни во онаа физичка смисла не изгубила од убавината.  Д.М.