Кадетите во група Ц на СП 2019

203

Кадетската машка ракометна репрезентација, денеска на извлекувањето во Базел ги доби петте противници. На СП 2019 ќе учестуваат 24 репрезентации поделени во четири групи по шест репрезентации.

Македонскиот селектор Данило Брестовац, генералниот секретар на РФМ, Филип Милошевски и претседателот на РФМ, Живко Мукаетов ги влечеа групите во кои ќе настапат репрезентациите.

Македонија ја одбра групата Ц во која ќе се сретнат против репрезентациите на Данска, Бахреин, Јапонија, Аргентина и Нигерија.

СП МАКЕДОНИЈА 2019:

Група А: Словенија, Хрватска, Шпанија, Норвешка, Чиле, С. Арабија

Група Б: Унгарија, Шведска, Франција, Египет, К. Тајпеј, Канада

Група Ц: Македонија, Данска, Бахреин, Јапонија, Аргентина, Нигерија

Група Д: Србија, Исланд, Германија, Тунис, Бразил, Португалија