Аргентинската ракометна репрезентација потфрлија на олимпискиот турнир во Токио, а цената за тој неуспех ја плати селекторот Маноло Каденас. Тој повеќе не е тренер „гаучосите“, откао Ракометната федерација на Аргентина одлучи да го раскине договорот со него.

По нешто повеќе од четири години соработка, Шпанецот ќе се посвети на клупскиот ракомет и ќе го води Адемар Леон во Европската лига оваа сезона. Тој ги водеше сите шпански гиганти, работеше во Полска и Белорусија, а покрај Аргентина, беше селектор и на Шпанија, со која освои сребрен и бронзен медал на Европските првенства.

Неговото место на кормилото на аргентинската репрезентација ќе го заземе неговиот долгогодишен асистент, Гиљермо Милано