Јапонскиот интернационалец од редовите на германскиот бундеслигаш Борусија од Дортмунд, Шинџи Кагава, најверојатно ќе биде последната зимска аквизиција на најголемото разочарување во француската Лига 1, тимот на Монако.
Преговорите помеѓу двата клуба се во завршна фаза, а во следните неколку дена, искусниот играч за врска и официјално ќе биде преставен како ново засилување.
Кагава прво ќе биде позајмен за еден милион евра, а на крајот од сезоната, Монако ќе го откупи неговиот договор со понуда од најмалку 5 мил. евра.