Кавани на еден чекор

74

Најпознатиот италијански фудбалски новинар, Фабрицио Романо, откри дека аргентинскиот гигант, Бока Јуниорс, најверојатно ќе биде следната дестинација на уругвајскиот интернационалец Единсон Кавани. Искусниот напаѓач моментално има статус на слободен фудбалер и ќе може да потпише за Бока без никакво обештетување. Пред неколку дена, Кавани беше поврзуван со германскиот бундеслигаш Борусија од Дортмунд и тоа како замена за најскапата летна аквизиција, Себастиан Халер кој има карцином на тестисите.