Кавадарчани ќе ги одредуваат приоритетите

61

Жителите на урбаните и месните заедници ќе ги одредуваат приоритетите во општината Кавадарци, информираше денеска Ласко Кузманов од службата „Мој општинар” ,при кавадаречката локална самоуправа.

– Општината продолжува со транспарентното и отчетно работење. Во тек е подготовка на програмата за комунална изградба за следната година. Тимот на градоначалникот Митко Јанчев заедно со стручните служби излегува на терен за да ги слушне потребите на кавадарчани, рече Кузманов и додаде дека целта е почист и поубав град.