Денес започна изградбата на спортската сала во село Возарци, со корисна површина од 400м2 која ќе биде во склоп на подрачното општинско училиште ,,Страшо Пинџур’’, инвестиција на Општина Кавадарци во висина од 22.000.000 денари соопшти денеска градоначалникот Митко Јанчев.
Изведувач на работите е фирмата Градба Промет.