Кабинет на претседателот: ДКСК на ист начин да постапи и со сите носители на државни и јавни функции

21

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, изразува благодарност што Државната комисија за спречување на корупцијата ќе поведе постапка за проверка на неговата имотна состојба, соопштуваат од Кабинетот на претседателот. Претседателот Иванов порачува дека чесен влезе во политиката и чесен ќе излезе на крајот од неговиот втор мандат. Ја охрабруваме Државната комисија за спречување на корупцијата да постапи по овој случај. Но, исто така, ја охрабруваме Комисијата на ист начин да постапи и со сите други носители на државни и јавни функции во Република Македонија,  онака како што постапува во случајот со претседателот Иванов, велат од Кабинет на претседателот Ѓорге Иванов.