Кабастиот отпад може да се одлага во Карпош и во Вардариште

100

На граѓаните на Скопје на располагање им се два центри за селекција на кабастиот отпад – едниот е во Карпош, а другиот во Вардариште. Таму одлагањето на стариот мебел, електронската и електричната опрема ќе може да се одлага бесплатно.

Денеска во Центарот за селекција на отпадот во Карпош, директорот на  ЈП „Комунална хигиена“, Абдусамед Шабани и градоначалникот на општината Карпош, Стефан Богоев ги промовираа планираните активности што ќе се одвиваат во рамките на кампањата за правилно постапување со кабастиот отпад на територијата на оваа скопска општина.

Тие ги информираа граѓаните дека кабастиот отпад не смее да се одлага на јавни површини.

– Нашата соработка со општината Карпош претставува само дел од кампањата што ја започнавме за подигнување на јавната свест за важноста и значењето на правилното одлагање на отпадот. Ги поттикнуваме жителите на Карпош да ја користат можноста за бесплатно одлагање на кабастиот отпад во овој Центар што се наоѓа токму во нивната општина и на тој начин да придонесат за одржување на чиста и здрава околина – изјави Шабани.