Долгото, топло, тропско лето не попушта, а според најавите на метеоролозите, така ќе остане сè до средината на септември. Одлична можност за голем број од нас и понатаму да си го планираме одморот некаде покрај вода, солена или слатка, сеедно. А, својот летен одмор максимално го користат и голем број од нашите ѕвезди, музички, филмски, телевизиски, новинарски, спортски….
Например, победникот на „Макфест“ и успешен македонски претставник на неодамнешниот фестивал „Пјесма Медитерана“ (одржан во Тиват), кумановецот Мартинијан Кириловски, летото го минува во Керкира, романтичниот главен град на грчкиот остров Крф. Пејачот е целосно во летната шема, од начинот на облекувањето до позитивната состојба на душата и телото.
–
Повеќе од одлично се чувствува во градот Керкира, секој ден му е осмислен. Обожава да шета низ тесните стари улички на градот, да слуша грчка музика од голем број таверни, да пие егзотични сокови…. На музичките обврски, вели, ќе им се врати тогаш кога добро ќе се одмори.
–
Фолк-пејачот Ѓоко Јовиќ е семејно во егзотичната турска Анталија. Таму е на заслужен летен одмор и со децата, а прегрнати со сопругата праќаат и впечатоци, со пораката дека овој живот, нема реприза, па затоа треба да се живее максимално опуштено. Особено преку лето кога е вака жешко. Ѓоко и сопругата по цели денови се капат или во базен со солена вода или во самото сино море. Само така можат да ги поднесат горештините кои во природно убавата Анталија се уште посилни од овие во Македонија.
И кошаркашкиот ас Перо Антиќ е далеку од градскиот жежок асфалт. Тој со љубената Сања Ристиќ ужива во некое далечно егзотично место. Вљубената двојка таму неодамна и го прослави неговиот роденден. Секојдневните обврски во Скопје сега-засега можат и да причекаат. Уживањето покрај водата, кое ги враќа во животот на овие тропските +40, не може со ништо да се замени, па затоа и одморот им е продолжен за уште неколку дена. Инаку, за тие понеупатените, Антиќ минатата година раскина со Катарина Ивановска, а има и три сина од неуспешниот брак. Додека, Сања Ристиќ неодамна стави крај на бракот со ракометарот Дејан Пецаковски, со кој има два сина. (фото:архива)