Платформата X е повторно достапна за некои корисници во Бразил, откако беа применети ажурирања за да се заобиколи блокадата наметната од Врховниот суд на Бразил.
Најновото ажурирање користи услуги на „облак“ од трети страни, кои им овозможуваат на поединечни корисници од територијата на Бразил да ја користат платформата без користење на виртуелна приватна мрежа (VPN), објави Ројтерс, повикувајќи се на податоци од бразилското здружение на провајдери Абринт.
Бројот на корисници кои го користат ажурирањето во моментов е непознат, а платформата X повторно беше блокирана од провајдерите по неколку часа.
„Верувам дека новото ажурирање е овозможено намерно. Зошто X би користела услуга од трета страна која е побавна од нивната?“, рече еден од официјалните лица на Абринт, Базилио Перез.
По повеќемесечниот спор меѓу сопственикот на компанијата X, Илон Маск и бразилското правосудство, Црковниот суд им нареди на интернет провајдерите во земјата да го блокираат пристапот до платформата X.