Галијата во реката Вардар кај хотелот „Холидеј ин“ со надежно име „Среќа“ (бидејќи таму се организираа игри на среќа) е расчеречена со извадени прозорци и врати и е прибежиште на скопските гулаби. Дел од дрвените штици со кои е обложена однадвор се извадени, а на фасадата се гледаат дупки. Од мостот со кој е поврзана со горниот дел на кејот на реката Вардар, висат две метални греди над пешачката патека. Една од нив виси закачена на еден шраф и доволен е посилен ветер да падне и, не дај Боже, да повреди некого од минувачите. Грдосијата им го привлекува вниманието на туристите, кои се сликаат пред неа, најверојатно, да понесат впечатоци и да прераскажуваат дека и ваквите градби се составен дел на Скопје.
Иако има барање да се дислоцира, галијата сè уште стои во водите на Вардар. До кога ќе остане во коритото на Вардар, не се знае, најверојатно, додека не биде целата размонтирана
Галијата во реката Вардар кај хотелот „Холидеј ин“ со надежно име „Среќа“ (бидејќи таму се организираа игри на среќа) е расчеречена со извадени прозорци и врати и е прибежиште на скопските гулаби. Дел од дрвените штици со кои е обложена однадвор се извадени, а на фасадата се гледаат дупки. Од мостот со кој е поврзана со горниот дел на кејот на реката Вардар, висат две метални греди над пешачката патека. Една од нив виси закачена на еден шраф и доволен е посилен ветер да падне и, не дај Боже, да повреди некого од минувачите.
Грдосијата им го привлекува вниманието на туристите, кои се сликаат пред неа, најверојатно, да понесат впечатоци и да прераскажуваат дека и ваквите градби се составен дел на Скопје.
Трите галии, едната кај МЕПСО, позната како „Фаланга“, која еден период работеше како ресторан и на која потоа ѝ ставија клуч на врата поради нерентабилност; втората галија, која сè уште работи како хотел и оваа кај „Холидеј ин“ беа изградени во времето кога Никола Груевски беше премиер, а градоначалник Коце Трајановски, кога се градеше во барок стил, беа дел од проектот „Скопје 2014 година“, како и многу други објекти во „Малиот ринг“.
Иако оваа галија, чие уривање го започна ексградоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, во април 2021 година со голема помпа, ветувајќи дека до есента таа година комплетно ќе ја отстрани, таа сè уште зјае како руина.
Во уривањето учествуваа екипи на јавното претпријатие „Улици и патишта“, првин однатре, со отстранување на мебелот и на ентериерот на галијата. Потоа требаше да следува отстранување на конструкцијата. Како што истакна тогаш Шилегов, причината за уривањето на оваа галија е тоа што бил раскинат договорот со закупувачот поради неплаќање кирија од 64.999 денари четири месеци, но отстранувањето беше запрено. Бугарскиот инвеститор веднаш потоа изјави дека нема долг кон Град Скопје и дека нема судска одлука за уривање.
Со галијата управуваше бугарски инвеститор – фирмата „Сервис Емус“ АД Скопје, а управителот Жарко Миленкоски тврдеше дека е изградена со пари од приватен инвеститор, државјанин на Република Бугарија без двојно државјанство. Потоа, во јуни 2021 година, Шилегов објави дека ќе продолжи со уривањето на галијата во реката Вардар и дека ја добил битката на суд. Тој објасни дека жалбата што ја поднеле до судот била уважена, со што следувало дислоцирање на една од галиите.
Токму крадењето на она што е вредно почна оној момент кога се повлекоа закупувачите, напуштајќи ја галијата. Иако има барање да се дислоцира, таа сè уште стои во водите на Вардар. До кога ќе остане во коритото на Вардар, не се знае, најверојатно, додека не биде целата размонтирана.
(А.П.)