И неверството е поврзано со возраста, ама и со годишното време – кои се тие критични години?!

400

Прељубата во врска или во брак е една од најчестите причини за разделба, а сега се појавуваат и податоци кои покажуваат во кое годишно време и мажите и жените најмногу изневеруваат.

Резултатите од британско истражување покажале дека луѓето извршиле најмногу неверства почнувајќи од 39-тата година.

Тоа е годината која за многумина претставува пресврт во животот, бидејќи некои почнуваат да влегуваат во криза на средните години или бараат нови возбудувања.

Истражувањето покажало дека луѓето се најподложни на неверство во последната година од која било декада од животот (19, 29, 39, 49). По 39-тата година, најчестата година за прељуба е 49-тата, а следната е кога имаме 29 години.

Студијата покажала и дека некои луѓе изневеруваат за да го придобијат вниманието на партнерот.

Што се однесува до годишното време, посебно се опасни летните месеци, бидејќи тогаш се случуваат 25 отсто повеќе прељуби од вообичаено!

Пет најчести причини за неверство, според ова истражување, се недостигот на возбудуда во кревтот (75 отсто); создадена пригода (54 отсто); здодевност во врската(46 отсто); обовен контакт со стара љубов на социјалните мрежи (28 отсто); желба за промена.