Возачот на Јамаха, Валентино Роси, објави дека е позитивен на коронавирусот и дека ќе ја пропушти трката за Големата награда на Арагон која се вози овој викенд.

  • За жал, не се чувствував добро. Коските ме болеа и имав мала треска, па веднаш повикав лекар кој двапати ме тестираше. Брзиот тест беше негативен, исто како и тестот што го направив во вторникот. Но, вториот тест, беше, за жал, позитивен, напиша популарниот „Доктор“.