И ВО МАКЕДОНИЈА СЕ КОРИСТИ МЕТОДОТ ОСМИСЛЕН ОД НАСА : Валандовчанка со успех применува неурофидбек терапија

627

 

 Ова е безболен терапевтски метод за следење на електричната активност на мозокот (ЕЕГ) и давање повратна информација за тоа. Овој метод е осмислен од НАСА за нејзините астронаути, а на Запад го користат менаџери, хирурзи, спортисти … Со оваа терапија се влијае при аутистичен спектар, АДХД, нарушено внимание и концентрација, тешкотии во учењето, агресија, нарашување на сонот, несоница, анксиозност…вели за весникот ВЕЧЕР ,  валандовчанката Весна Илова-Ташева

 

Валандовчанката Весна Илова-Ташева, неурофидбек терапевт по метод на

Отмер, веќе подолго време ја применува оваа терапија, и, како што самата

вели повеќе од 1000 пациенти добиле стручна помош во изминатиот период.

Неврофидбекот е безболен терапевтски метод за следење на електричната

активност на мозокот (ЕЕГ) и давање повратна информација за тоа.

„Kористиме електроенцефалограм (ЕЕГ) за да ја снимиме електричната

активност на мозокот, објаснува Ташева, Оваа активност е опишана со помош

на мозочни бранови и секој мозочен бран е поврзан со одредена ментална

состојба. Третманот  трае 30 минути. Електродите на уредот за

неврофидбек откриваат мозочни бранови што се читаат и обработуваат во

реално време на компјутер. Електродите се користат исклучиво за откривање

на мозочни бранови и не можат да предизвикаат повреда или да го снабдуваат

мозокот со електрична енергија.

За време на третманот, компјутерот ги обработува мозочни бранови и други

информации што се дел од овој процес за да му дадат на лицето повратни

информации за функцијата на неговиот сопствен мозок. Повратните

информации се презентираат на неколку начини, најчесто преку промена на

звукот и сликата во видеото или симулација што личи на игра.

Со континуиран третман, посакуваните мозочни бранови почнуваат да се

произведуваат, а несаканите се потиснуваат. Со неврофидбек, учите да ја

зајакнувате мозочната активност на ист начин како да научите која било друга

вештина – преку повратни информации и повторувања, вели Весна Илова-Ташева за весникот ВЕЧЕР.

Постапката е всушност многу едноставна, клиентот ја следи содржината на

мониторот, а мозокот ја обучува за тоа време!

Овој метод потенцира Ташева е осмислен од НАСА за нејзините астронаути,

а на Запад го користат менаџери, хирурзи, спортисти …

Ја прашавме Весна кои позитивните ефекти од Неурофидбек терапијата се

забележуваат кај пациентите?

-Со оваа терапија се влијае при аутистичен спектар, АДХД

(нарушување на вниманието со хиперактивност), нарушено внимание и

концентрација, тешкотии во учењето, агресија, нарашување на сонот,

несоница, анксиозност, депресија, мигрена, мозочен удар, премор,

хипертензија, хронична опстипација, бруксизам, панични напади, нагли

промени на расположението, ноќен страв, синдром на немирни нозе, говор и

говорно изразување, емоционална нестабилност и намалена волја, вели за нашиот весник Весна Илова-Ташева.

Љ.А.