Со години, хрватските медиуми пишуваат дека првата љубов на Северина Којиќ бил нејзиниот прв музички продуцент, Зринко Тутиќ, кој го гледавме како еден од членовите на жирито „Супер народ“ на ТВ Прва. Нејзината тајна љубов траеше пет години, а таа врска влијаеше да се смени нејзината кариера.

– Откако престана да соработува со нејзината музичка куќа, Северина срамежливо дојде во Croatia Records и додека пиевме кафе рече: Зошто ние не би соработувале? Тогаш јас изговорив реченица за која мислам дека беше клучна реченица за нејзината понатамошна работа на естрадата, а тоа е дека Северина треба да раскрсти со нејзиниот младешки стил. Девојката Северина треба да се претвори во жена и тоа таа го сфати сериозно. Таа е надарена пејачка која ги освојува луѓето со нејзината енергија, зрачење, изглед и изразување, рече Тутиќ за Nacional.

Северина во 1998 година ги прекина сите контакти со Зринко и тогаш прв пат прозборе за, како што ги нарече, “робовладетелските“ договори кои ги потпишувала за него и поради кои тогаш го тужела. Се шпекулираше дека до крајот дојде не поради лошата соработка, туку поради емотивната страна. (М.А) – Фото:ФБ.