ИФФК „Браќа Манаки“: „Златна Камера 300“ и за Јоргос Арванитис

78

Познатиот француско-грчки кинематографер Јоргос Арванитис е вториот добитник на наградата „Златна камера 300“ за животно дело на годинешново 40. Издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“.

„Седумдесет и осумгодишниот Арванитис зад себе има над 140 филмови. То има соработувано со еден од најпознатите грчки режисери Теодорос Ангелопулос со кој имаа работено на десет филмови, од кои последниот, „Вечноста и еден ден“,е награден со Златна палма во Кан во 1998.

Покрај Арванитис, највисоката награда на овогодинешниот фестивал ја доби и Ед Лакман, кинематограферот на „Керол“ и „Ерин Брокович“.

„Не треба да се акцентира дека Арванитис е големо име кое ја прослави својата уметност низ целиот свет. Неговите филмови постојано се прикажуваат на големите филмски фестивали“, посочува и директорката Гена Теодосиевска.

Фестивалот ќе се одржи од 14 до 21 септември во Битола, кога ќе бидат прикажани филмови од повеќе категории и ќе се доделат наградите на најдобрите режисери.