Италија воведува задолжителна ковид потврда за сите вработени

31

Италија ќе да стане првата европска земја во која ковид- потврдата ќе биде задолжителна за сите работници. Италија се одлучила на овој чекор со цел да принуди повеќе луѓе да се вакцинираат и да го потиснат ширењето на инфекцијата.

„Сите вработени во јавниот и приватниот сектор во Италија ќе треба да имаат здравствен картон како доказ за вакцинација со барем една доза, неодамна оздравеле или се негативни“, изјави министерката за регионални работи Маријастела Гелмини.

Пропусницата, во дигитална или хартиена форма, првично е дизајнирана за да го олесни патувањето меѓу членките на ЕУ, но Италија го бара овој документ како предуслов за влез во музеи, спортски сали и ресторани во затворен простор.