Италијанско село од бајките нуди седум дена бесплатен одмор

299

Посетителите на местото Филињано во италијанскиот регион Молизе можат да добијат еднонеделен бесплатен престој, како дел од иницијативата за заживување на туризмот, сектор кој е погоден од пандемијата на коронавирус.

Проектот е инициран од општината со околу 600 жители во соработка со хотелот „Ле Гинестре“, кој обезбеди 50 бесплатни седумдневни престои во периодот од 17 јули до 25 септември.

Неопходно е туристите заинтересирани да учествуваат во проектот да не живеат во регионот Молизе или да немаат роднини во областа, што е еден начин да се поттикне туризмот и да се промовираат знаменитости во областа.

Молизе се наоѓа на два часа од Рим, а овој регион успеа да го задржи бројот на заразени на ниско ниво во однос на остатокот од земјата.