Фашистички поздрав, наместо да се ракувате, е најдобриот начин да се спречи ширењето на коронавирусот, изјави во понеделникот, потпретседателот на италијанскиот Сенат Игнасио Ла Руса и член на екстремно десничарскита партија „Браќа на Италија“.
Ла Руса, поранешен секретар за одбрана и актуелен потпретседател на Сенатот, подоцна објасни дека бил само саркастичен.
„ Не се ракувајте со никого, инфекцијата е смртоносна. Користете римски поздрав,(истиот поздрав го користеле италијанските фашисти) тоа е антивирусно и антимикробно“ – напиша Ла Руса на Твитер. Потоа го избришал твитот.
Седумдесет и двегодишниот Ла Руса е член на „Браќата на Италија“, следбеник на неофашистичкото движење основано од приврзаниците на Мусолини во 1946 година, пренесува Индекс.хр.