Италијанскиот креатор на парфеми Теренци ексклузивно во Скопје ги промовираше своите брендови

110

Паоло Теренци, италијанскиот креатор на „Тицијана Теренци“ („Tiziana Terenzi“) и „Ви Канто“ („V Canto“), кои се дел од „Ниче“ („Niche“) парфемите, во парфимерија во Скопје презентираше како ги создава неговите парфеми.

Филозофијата на Теренци е дека убавината треба да биде компонирана.

Промовирајќи ги парфемите, ја раскажа семејната историја и традиција, на која што е многу горд, истовремено, делумно го откри процесот на создавање на крајниот производ, мирисот кој претставува ново сензорно искуство на неговите гости.

Секој парфем е изработен од природни состојки, многу внимателно одбрани за време на сите негови патувања. Во неговата библиотека на мириси, има од 200 до 300 кои ги употребува постојано, правејќи нова композиција на мириси на кои никој не останува рамнодушен.

Во Скопје, Теренци преку комуникација со присутните подготвуваше парфеми по нивни вкус.

Приказната на брендот „Тицијана Теренци“ почнува од 1968 година, но истoријата на создавање мириси датира многу порано, кога Гиљелмо Теренци и Луџија Манчинин Теренци го основале семејниот бизнис, кој го наследува таткото на Паоло Теренци, Евелино. По неговата смрт, традицијата за создавање на парфеми ја продолжуваат Тицијана Теренци, која е дизајнер на целиот имиџ на брендот и Паоло Теренци, кој е креатор на сите мириси во овој бренд.