Италијанската ѕвезда Ерос Рамацоти во Скопје (ќе) доаѓа тазе разведен!

66

Популарниот италијански пејач, кршач на женските срца, Ерос Рамацоти, сепак се разведува од 26 години помладата манекенка Марика Пелегрини, со која е 10 години во љубовна врска, а 5 години во официјален брак. Тие пред некој ден на новинарите им го потврдија разводот. И ако беа лути на пишувањата на некои италијански таблоиди во врска со нивниот развод. Најпосле и на таблоидите им признале дека тој и Марика не се заедно, туку разводот е нивната горчлива вистина.

Така да Ерос Рамацоти кој на 30 септември ќе има концерт во нашето Скопје, ќе дојде без Марика. Инаку, Ерос и Марика почнаа да се забавуваат во 2009 година. Се зедоа пет години подоцна. Имаат две деца, Рафаел Марија (8) и Габри Тулиј (4). – Ја молиме јавноста да ја почитува нашата приватност и приватноста на нашите деца во овој стресен период за целото семејство, изјавил Рамацоти пред новинарите. Тој деновиве замина на летен одмор (со децата), пред да има и концерт на хрватскиот дел од Јадранско Море. Во Скопје (ќе) настапува со целата своја екипа од музичари, а потврдува дека и овој пат како и секогаш публиката ќе има можност да ужива во неговиот концертен настап со сите негови хитови. Д.М./фото:Инстаграм/