Исчистена големата депонија на влезот од гробиштата во Ѓорче 

64

Екипите на јавното претпријатие „Комунална хигиена“ спроведоа акција за расчистување на голема дива депонија лоцирана на влезот на гробиштата во општината Ѓорче Петров.  Како што информираа надлежните служби, во рамките на акцијата биле подигнати и транспортирани приближно 60 кубни метри претежно кабаст и градежен отпад.

Од „Комунална хигиена“ апелираат до граѓаните совесно да постапуваат со својот отпад и истиот да не го одлагаат на јавни површини, бидејќи на тој начин создаваат диви депонии што ја загадуваат животната околина.

– И во оваа прилика ги информираме граѓаните на градот Скопје дека застарениот мебел и отпадот од електронска и електрична опрема може да ги депонираат во Центрите за селекција во Карпош и Вардариште, без плаќање на паричен надоместок – велат од ЈП „Комунална хигиена“ .