Македонскиот „Исцелител“ на фестивалот „Косморама“ во Трондхајм

21

Филмот „Исцелител“ на режисерот Ѓорче Ставрески е избран во официјална селекција на „Косморама“ во Трондхајм. По норвешката премиера на филмот во јануари на фестивалот во Тромсе, ова ќе биде негово второ прикажување во оваа земја.

„Исцелител“ ќе има три прикажувања за време на фестивалот, на 5-ти, 9-ти и 11 март. Филмот е во програмата „Скроблик“ заедно со добитникот на бројни награди, англиско-францускиот хит „Смртта на Сталин“ на Армандо Ианучи, и со наградениот филм на филмскиот фестивал во Филаделфија – колумбискиот „Лошата среќна коза“ на Самир Оливерос.

Филмскот фестивал „Косморама“ постои од 2005 година и во изминатите години станува еден од најголемите и најактуелни филмски настани во Норвешка. Досега на фестивалот присуствувале Лив Улман, Александдар Пејн, Мохсен Махмалбаф и други значајни имиња од филмската уметност. Во склоп на фестивалот се одржуваат и филмски маркет и форум.

Во досегашните меѓународни успеси на „Исцелител“ се главната награда на публиката на Солунскиот филмски фестивал и наградата за најдобар меѓународен филм на меѓународниот филмски фестивал во Санта Барбара, Калифорнија.