Истрага против дилер од Гостивар – фатен со 4,5 килограми хероин

50

Основното јавно обвинителство Скопје со Наредба започна истрага против 52 – годишен жител на Гостивар, за кој постои основано сомнение дека го сторил кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Како што е наведено во соопштението од Јавното обвинителство, осомничениот на 24.12.2021 година, неовластено заради продажба пренесувал наркотична дрога – хероин со вкупна маса од 4461,6 грама. Тој ја спакувал дрогата во девет одделни пакувања и ја сместил во ранец кој го носел со себе. Потоа, по претходен договор и намера за продажба, околу 20:00 часот на бул. „Босна и Херцеговина“ во Скопје се сретнал со друго лице, веќе осомничено за овој кривично правен настан, на кого му го предал ранецот полн со хероин.

-Бидејќи постои оправдан страв дека осомничениот ќе го повтори кривичното дело, со оглед на видот и количината на пронајдената наркотична дрога – херион, која укажува на добро воспоставени криминални врски за набавка и продажба на ваков вид недозволени и опасни по здравјето супстанции, како и поради подготвеноста да го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, стои во соопштението од Јавното обвинителство.