Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишник од тетовско Боговиње поради сомнение дека сторил две кривични дела – Разбојништво согласно член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
На 12 септември влегол во обложувалница на улицата “Никола Тримпаре” и со опасно орудие – скалпел се заканил по животот на една вработена и одзел 211.680 денари од сефот и касата.
На 14 септември, на сличен начин, од обложувалница во трговскиот центар “Лептокарија”, заканувајќи се со скалперот на еден вработен, одзел 80.250 денари.
Бидејќи постои опасност од бегство, можност да ја попречува постапката и да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.