Истрага за двајца дилери на кокаин од Гостиварско

32

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Гостивар донел наредба за спроведување истражна постапка против две лица од селото Калиште, на возраст од 40 и 43 години, осомничени за кривичното дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

– Двајцата соизвршители на 12 април, во вечерните часови, биле затечени во близина на основното училиште во гостиварското село Зубовце, при што по извршениот личен преглед, полициски службеници кај првоосомничениот пронашле 12 помали пакувања кокаин со вкупна нето-маса од 4,83 грама, додека кај второосомничениот биле откриени две пакувања со вкупно 0,77 грама кокаин. Бидејќи постои опасност осомничените да се дадат во бегство, да влијаат врз сведоците или да го повторат делото, јавниот обвинител до Основниот суд Гостивар достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени – соопштуваат  од Jавното обвинителство – Гостивар.