Исправи се Делфина, славната Неда Арнериќ порачува: Луѓе, не се откажувајте од животот и кога ви е најтешко!

97

Легендарната Неда Арнериќ, српска и поранешна југословенска филмска, театарска и тв-глумица која ја знаеме и ние од многу македонски филмови, а најмногу од филмот “Исправи се, Делфина“ по подолго време се врати на сцената, но се врати и во вистинскиот живот. Таа деновиве играше во претставата “Извињавамо се много се извињавамо“. На сцената во градот Кикинда, доби бурни 10-минутни ракоплескања.
– Текстот на претставата се однесува на луѓето во постари години кои бараат сродни души. Јас од своето животно искуство би порачала: “Луѓе, не се откажувајте од животот, дури и кога ви е најтешко, кога сте оставени сами, кога никому не му требате. А, тоа е само привидно. Бидејќи повторно ќе најдете некој со кој ќе го поминете остатокот од животот, со кого ќе ви биде убаво, изјавила Неда која од тешката депресивна ситуација во која сакала, според кажувањата на луѓето, да се самоубие, излезе како апсолутен победник. Неда Арнериќ во својот дом во Белград беше пронајдена од нејзиниот роден брат во несвест. Со итна медицинска помош беше пренесена во болница. Таму беше примена на токсикологија каде докторите ја спасиле од смрт. Д.М.