Исплатени над 151 милиони денари на сметките на лозарите

35

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на сметките на 6.041 лозари, исплати над 151 милиони денари . Станува збор за исплата на мерките 1.10 А и 1.10. Б, односно исплата на 2 денари за килограм предадено грозје во регистрирани капацитети за вино за сортите Смедеревка, Вранец, Бургундец црн, Станушина, Картошија, Жилавка и Кадарка.

Корисници на мерката 1.10 А се сите производители на грозје кои произвеле и предале грозје во капацитети од минатогодишната реколта и аплицирале за мерката „дополнителни директни плаќања за произведено и предадено грозје во регистриран капацитет за сортите Смедеревка, Вранец, Бургундец црн, Станушина, Картошија, Жилавка и Кадарка“

Додека корисници на 1.10 Б се сите производители кои користат средства за 1.18 а аплициарале и по мерка дополнителни директни плаќања за произведено и предадено грозје во регистриран капацитет за вино и тоа за сортите Смедеревка, Вранец,Бургундец црн, Станушина, Картошија, Жилавка и Кадарка,
Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски, вели дека земјоделците се партнери на Агенцијата, токму затоа средствата се исплаќаат во ек на берба.

„Сите кои правно – законски се стекнале со право на користење за финансиска поддршка, во еден ден, без селекција ги добиваат средствата. Праксата за неселективна исплата на земјоделските субвенции продолжува. Парите од финансиската поддршка се исплаќа во време кога овие производители имаат потреба од свеж капитал за прибирање на новата реколата, подготовка на насадите за следната сезона и употреба на сите агротехнички заштитни мерки за насадите. “- истакна Бачовски.

Наше е да обезбедиме поволни услови кои ќе помогнат за намалување на производните трошоци. На лозарите останува да дадат се од себе да го приберат овогодинешниот род и да ги подготват насадите за новата реколта.