Исплатените субвенции за амортизирани несилки и приплодни грла маторици

36

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги реализираше исплатите за секторите живинарство и свињарство.

36 земјоделски стопанства, кои одгледале или продале/заклале амортизирани несилки, во период од 1 октомври 2022 до 30 септември 2023, добија финансиска поддршка од 82 милиони денари.

Висината на финансиската поддршка е 120 денари за несилка.

За мерката за женски приплодни грла маторици се исплатени 256 земјоделски стопанства кои одгледуваат минимум 5 маторици што ги чувале до 30. 11. 2023 година.

Исплатената финансиска поддршка изнесува 7 милиони денари. Висината на директните плаќања е 1.000 денари за грло маторица.