Иско е (не)реална желба

65

Турскиот гигант Фенербахче, е последниот клуб кој покажа интерес за услугите на крилниот напаѓач од редовите на шпанскиот прволигаш Реал (М), Франциско Иско. Повремениот репрезентативец на Шпанија повеќе нема статус на стандарден првотимец, а неговиот договор со „кралскиот клуб“ е со важност до крајот на актуелната сезона. Поради таквата ситуација Иско ќе биде продаден веќе во јануари, но официјалната понуда не смее да биде помала од 20 мил. евра.