Ирена Танушевска: Крводарувањето е хуман и благороден чин 

656

Таа сега има 19 години и е речиси најмладиот крводарител во Црвениот крст. Почнала да дарува крв на неполни 18 години, а.тргнала по стапките на својот татко, кој е долгогодишен крводарител, кој има 50 години, а 77 пати досега дарувал крв, се сеќава на првиот пат кога решила да дарува крв.

-Тоа беше во Дневниот центар за дарување крв на Црвениот крст во Домот на хуманитарните организации „Даре Џамбаз“. Требаше да се дарува крв на лице кое боледуваше од леукемија. Крвната група која одговараше беше нулта, но бидејќи мојата беше АБ позитив, не одговараше. Но, јас не се откажав, сепак дарував, бидејќи знаев дека некому друг ќе помогнам – вели Танушевска

Започнала да дарува крв на неполни 18 години. Сега има 19 години, а  веќе пет пати некому спасила живот. Ирена Танушевска е речиси најмладиот крводарител во Црвениот крст. Таа тргнала по стапките на својот татко, кој е долгогодишен крводарител, кој има 50 години и 77 пати има дарувано крв.

-Почнав да дарувам крв на неполни 18 години. Се разбира првиот пат беше со дозвола од родителите. А мотив и јас да навлезам во сферата на крводарувањето беше мојот татко – раскажува Танушевска. Но и нејзиниот постар брат веќе три години дарува крв.

Таа се сеќава на првиот пат кога решила да дарува крв.

-Тоа беше во Дневниот центар за дарување крв на Црвениот крст во Домот на хуманитарните организации „Даре Џамбаз“. Требаше да се дарува крв на лице кое требаше да се оперира. Крвната група која одговараше беше нулта, но бидејќи мојата беше АБ позитив, не одговараше. Но, јас не се откажав, сепак дарував, бидејќи знаев дека некому друг  ќе помогнам – вели Танушевска.

За неа крводарувањето претставува нова надеж за давање живот на друг.

Таа нагласува дека ќе продолжи да дарува крв, како што тоа го правела до сега, на секои четири месеци.

-Додека сум здрава и додека можам ќе дарувам крв, зошто знам дека на тој начин спасувам нечиј живот, затоа што крводарувањето е хуман и благороден чин – децидна е Танушевска.

Освен што дарува крв, таа пред околу два месеца донирала и примерок од крвна плазма.

-Донирав примерок од крвна плазма. Доколку некому му е потребна и му одговара, чекам да ми се јават за да дадам и да помогнам некому – истакна Танушевска.

Таа завршила средното медицинско училиште и е член на Црвениот крст на Општинската организација Кисела Вода од 2018 година.

Ирена била позитивен пример за своите досегашни соученици.

-Многумина од мојот клас ги убедив дека треба да даруваат крв и ги однесов во Дневниот центар за дарување крв во ДХО „Даре Џамбаз“. Секој што е здрав треба да помогне на оние на кои тоа им е најнеопходно. Дарувањето крв за нас крводарителите можеби не е ништо, но за оној за кој даруваме е повеќе од значајно – им препорачува на младите Танушевска.

Таа своето образование ќе го продолжи на факултет и пред неа е дилемата дали да биде логопед или да студира македонска книжевност.

Од Црвениот крст велат дека доброволното крводарителство во Македонија има една единствена цел, а таа е да се мотивираат што поголем број луѓе кои треба доброволно да даруваат крв за да може да се соберат потребните количества крв и крвни продукти кои се неопходни за лекување на болните и повредените.

-Крводарителството ги развива особините на хуманост и солидарност кај граѓаните, а особено кај младите, придонесува за подигнување на нивото на здравствената култура и јавната свест. Од тие причини мотивирањето на населението за доброволно дарување на крв е исклучително важно за градење позитивен однос кон крводарувањето. Крвта како лек е сè уште незаменлива и нејзиното добивање исклучиво зависи од добрата волја на луѓето крводарители, кои доброволно, анонимно, бесплатно и солидарно даруваат крв – потенцираат од Црвениот крст.

Годишните потреби за крв во државава се 55.000 единици крв. Во 2021 година во државата се реализирани 53.133 единици крв, додека во Скопје 17.221 единици крв, додека во 2020 година во државата биле реализирани 46.746 единици крв, а во Скопје 15.751 единица крв.  На годишно ниво во Македонија даруваат околу 30.000 крводарители.

На 14 јуни 2022 година, во вторник, ќе се одбележи Светскиот ден на крводарителството. Секоја година земјите низ светот го одбележуваат Светскиот ден на крводарителството. Настанот има за цел да јa подигне свеста за потребата од безбедна крв и крвни компоненти и да им се искаже благодарност на доброволните, неплатени крводарители за подарената крв која значи спасени животи. Во рамките на Меѓународната федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина, одбележувањето на Светскиот ден на крводарителството е различно во Националните друштва.

Овогодишна тема за одбележување на Светскиот ден на крводарителството за 2022 година е преземена од Светската здравствена организација и е под мотото  „Дарувањето крв е чин на солидарност“.

-Придружете се во напорите и спасете животи за да се стави акцент на вниманието на улогата на доброволното дарување крв за спасување животи и да се зајакне солидарноста во заедниците – повикуваат од Црвениот крст.

 (А.П.)