Иран најави „разорен одговор“ на израелските закани

32

Иранскиот министер за одбрана Амир Хатами денеска изјави дека Техеран ќе испорача „разорен одговор“ на секое израелско кршење на неговиот суверенитет.

– Секој непријател (вклучително и Израел) кој ќе се обиде да го загрози суверенитетот на Исламска Република Иран, на кое било ниво, ќе наиде на одлучен и разорен одговор и ќе зажали поради тоа, посочи Хатами.

Изјавата на Хатами уследи откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во вторникот се закани дека ќе го нападне Иран со авиони Ф-35.

Нетанјаху на 9 јули при посета на воздухопловна база стоејќи пред авион Ф-35 изјави дека Иран „треба да запамети дека овие авиони можат да допрат до секое место на Блиски Исток, вклучително и Иран и секако Сирија“.

Хатами заканите на Нетанјаху ги оцени како „исклучително срамни“, додавајќи оти Иран го задржува правото соодветни да одговори на таков напад врз основа на меѓународните правила.

Хатами побара од иранското Министерство за надворешни работи да го осуди „израелското опасно однесување кои излегува од меѓународните норми“.