Ирански хакери ги напаѓале западните Универзитети

27

Универзитетите во Европа, САД и во Австралија последните месеци биле на мета на иранските хакери, соопшти консултантската фирма „Прајсвотерс Купер”.

Холандската медиумска куќа НОС наведе дека не е познато дали нападите врз комјутерските системи биле успешни, вклучително и тие врз три универзитети во Холандија.

Според Гервин Набер „Прајсвотерс Купер”хакерите се обиделе да украдат академска литература и материјали потребни во иранските училишта.

Дипломатските односи помеѓу Иран и Холандија се тензични од минатата година откако Техеран е обвинет дека планирал две политички убиства поради што ЕУ воведе санкции. Иран негира вмешаност во нападите врз иранските дисиденти во Холандија.

САД минатата година обвинија девет ирански хакери дека под спонзорство на властите во Техеран учествувале во хакерски напад и кражба на интелектуална сопственост.

Министерството за финансии на САД исто така воведе санкции против десет ирански државјани и една компанија поради хакерски напади врз неколку стотина универзитети. Иранските власти ги негираа обвинувањата.