Иранските хакери за нападот врз Бериша: Името на напаѓачот е во неколку полициски бази на податоци

89
Иранските хакери од групата „Татковинска правда” вечерва реагираа со објава на Телеграм, во врска со лицето што денеска на протестот на опозицијата во Тирана го нападна демократскиот лидер Сали Бериша.
Тие напишаа дека неговото име се појавува во неколку полициски бази на податоци, па дури и предупредија дека во наредните денови ќе ги објават податоците за ова прашање, јави дописничката на МИА од Тирана.
– Гент Шеху е во неколку полициски бази на податоци, сите игри на корумпирани политичари. Ќе продолжиме да објавуваме фајлови, пишуваат хакерите.
Бериша, во изјава по протестот, обвини дека 31- годишниот Шеху  е инфилтриран полициски агент.
Тоа веднаш го отфрли генералниот директор на полицијата Мухамет Румбулаку, кој рече дека Шеху ниту бил ниту е во која било полициска структура.