Инцидентот фатен на камера: Како Ламбе Алабаковски го запали бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“/ВИДЕО

2735

На социјалните медиуми објавена е снимка од безбедносните камери во близина на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола, на која е прикажан инцидентот за кој беше обвинет пејачот Ламбе Алабаковски, кој потоа го призна делото.

Алабаковски доаѓа маскиран на велосипед, го остава велосипедот, а потоа се доближува до вратата на клубот и го запалува.

По стореното дело, пејачот се враќа во насоката каде е паркиран велосипедот.

Пејачот го призна делото за кое беше претходно обвинет и кажа дека го сторил од патриотски причини.