Инциденти на протестите против вакцинација во Љубљана, полицијата активираше хеликоптер и коњаница

42

Во Љубљна повторно инциденти на протестите против вакцинацијата и задолжителните ковид птврди, што владата ги пропиша за сите вработени и речиси сите активности во јавниот живот.

По мирниот почеток на непријавениот митинг на плоштадот Република, илјадници демонстранти излегоа на прошетка додека полицијата не формираше кордон на една од главните раскрсници.

Полицијата активираше хеликоптер, коњаница и водени топови. Како што објави Н1, демонстрантите бараат оставка од Владата на Словенија и не покажуваат намера да се повлечат.

Собраните луѓе гласно протестираа кога еден од учесниците во протестот беше уапсен, а полицискиот кордон се придвижи кон нив.

Според Н1, уапсен е ветеран од протестот, кој минатата недела ги повика луѓето повторно да се соберат.

Денешниот протест започна во три часот попладне, а полицијата постојано ги повикува насобраните да се разотидат преку звучниците.