Инцидентите ескалираат: Пратеник се обиде да го запали албанскиот Парламент/ВИДЕО

282

Недолго по последниот – денеска се случи нов инцидент во Собранието на Албанија.

Пленарната седница заврши во врева, хаос и тензија. По седницата следеше жестока пресметка меѓу претставници на Демократската партија и обезбедувањето. Пратениците на почетокот го блокираа подот на Собранието со превртени столчиња и удираа по масите, спречувајќи ја нормалната работа на седницата.

Претставникот на Демократската партија Фљамур Нока потоа се обидел да го запали парламентот, палејќи чаршафи и ставајќи ги под куп столови.

Обезбедувањето го изгасна пожарот, а претседателот на Собранието го исклучи претставникот и ја затвори пленарната седница на која се расправаше за проблемите на гласачите.