Инфлацијата ги натера Германците да штедат

43

Највисоката инфлација во последните децении, ги натера Германците да преземаат мерки за штење. Поради инфлацијата, седум од десет Германци тѕрошат помалку електрична енергија, а половина од нив ги намалиле трошоците за слободни активности, покажуваат истражувањата.

Во април уделот на оние кои трошеле помалку енергија изнесувал 63 отсто, покажува истражувањето на Infratest dimap за телевизијата АРД, во кое учествувале 1.273 граѓани.

Навиките за трошење најмногу ги менуваат домаќинствата со пониски примања, па така две третини од нив ги намалиле секојдневните набавки и трошењето за слободни активности и одмор.

Повисоките животни трошоци ги промениле и приоритетите на домаќинствата со просечни примања, па буџетот за рекреативни активности е намален за 50 отсто, покажува истражувањето на Infratest dimap.