Економскиот институт „Ифо“, повикувајќи се на очекувањата во економијата прогнозира дека инфлацијата во Германија ќе продолжи да се намалува.
Стапката на инфлација и понатаму ќе паѓа а во текто на летото би требало да се спушти под два отсто, изјави Тимо Волмершер, економист од „Ифо“.
Според баромотерот на „Ифо“ за ценовните очекувања, се помалку германски компании очекуваат дека цените на нивните производи ќе продолжат растат.
Индикаторот во март паднал на 14,3 поени, од февруарските 15. Тоа е истовремено и најниска вредност во споредба со март 2021 година. Само 12 месеци порано, индикаторот бил на 50 поени.
Ценовниот барометар е во распон од минус 100 до плус 100, тој ги илустрира очекувањата на компаниите по однос на своите стока и услуги, поголем број значи дека повеќе од нив планира да ги зголемува цените, нулата ги најавува стагнациите на цените, а минусот дека се планира намалување на цените.
Голем пад на индексот е забележат во секторите: Малопродажба за 4,1 поени на 24,6 и во угостителството за 24,9 поени на 29,5 поени.
Како што соопштува „Ифо“, компаниите од преработувачката индустрија очекуваат мало поскапување најавувајќи пораст на индексот од 5 на 6,4 поени.
Firme prerađivačke industrije očekuju blago poskupljenje, nagoveštavajući ga rastom indeksa sa pet na 6,4 poena, navodi Ifo.